Баер Леверкузен испиша историја, ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
Баер Леверкузен стана првиот клуб кој останал непоразен цела сезона во Бундеслигата, момците на Чаби Алонсо денеска го совладаа Аугсбург со 2-1.
„Фармацевтите“ не само што за прв пат станаа шампиони на Германија, стигнаа до подвиг што не го направил ниту моќниот Баерн Минхен.
Момците на Чаби Алонсо денеска го совладаа Аугсбург со 2-1 и станаа првиот клуб кој ја освоил Бундеслигата и останал непоразен цела сезона.
Баер Леверкузен има моќни бројки од 28 победи и 6 нерешени натпревари, 89 дадени погодоци и 24 примени.
Во сите натпреварувања имаат серија од 51 натпревар без пораз, а им остануваат уште два меча за неверојатен успех, односно освојување на тројна круна без притоа да изгубат натпревар.