Ања Тејлор-Џој откри добро чувана тајна
Холивудската ѕвезда Ања Тејлор-Џој сподели една од нејзините најголеми тајни.
Таа откри дека пред две години се омажила за партнерот Малколм Мекреј, пренесува магазинот Elle.
За да ја прослави нивната годишнина од брак, Ања сподели фотографии од нивната церемонија на својот Инстаграм профил.
„Пред две години на 1 април тајно се оженив со мојот најдобар пријател во Њу Орлеанс. Магијата на тој ден е вкоренета во секоја клетка од моето битие – засекогаш. Среќна втора (прва) годишнина љубов моја… Ти си најкул !“, гласи текстот под објавата.
Мекреј сподели и фотографии. Снимките од парот покажуваат дека на церемонијата биле присутни манекенката Кара Делевињ и фотографот Себастијан Фаена.
Излегува дека Мекреј и Тејлор-Џој биле во брак многу подолго отколку што се мислеше. Во октомври 2023 година беа објавени фотографии од прослава во Италија за кои светските новински агенции објавија дека се од нивната венчавка. Тејлор-Џој тогаш очигледно ја носеше истата венчаница на италијанската церемонија, а некои медиуми објавија дека 150 гости присуствувале на специјалниот викенд на парот.
Тие ја држеа својата врска во голема мера подалеку од центарот на вниманието. Се шпекулира дека се заедно од 2021 година.