„Ај медија“: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) ги демантира тврдењата објавени преку соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ дека има соработка со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), оценувајќи ги како целосно невистинити и неосновани.

„Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.

Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.

Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти“, се вели во дописот.

Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.

Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.

Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.

Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.

Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, стои во дописот.