Педесет и едногодишна жена од Франција е во критична состојба откако во саботата ја каснала ајкула на хавајскиот остров Мауи, соопшти полицијата.
Жената наводно била видена како плива или нурка на околу 12 метри од брегот пред да се случи овој ужасен настан во заливот, се вели во соопштението на полицијата, според Си-Ен-Ен.
По брзата интервенција, таа била пренесена на лекување во Медицинскиот центар Мауи Меморијал, се вели во соопштението. Полицијата се уште го истражува инцидентот.
Округот Мауи затвори три дела од плажата Норт Шор по инцидентот со ајкула во саботата попладне.
Паркот на плажата Болдвин, паркот на плажата Долна Паја и паркот на плажата Куау Беј треба повторно да се отворат во 7 часот наутро во понеделник, 5 септември, Денот на трудот, се вели во соопштението за печатот.