Ацевски: Онкологија, ТЕЦ Неготино и РЕК Битола се по ревизорски извештај, очекувам постапување и за Државна лотарија
Ацевски, изразува задоволство од постапувањето на институциите по ревизорските извештаи и посочи дека утрово, ги објавиле конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на Државна лотарија, каде што констатираат голем број неправилности во работењето на Државната лотарија, нагласувајќи дека тој е доставен до надлежните институции и изрази верување дека и по тој конечен ревизорски извештај набргу ќе имаме постапување.
Постапувањето за Онкологија, за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино, за ископот во РЕК Битола и работењето на Општата болница во Прилеп се по конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Со 60-70 ревизии годишно и опфат на преку 1.400 субјекти од јавниот сектор ДЗР е клучен елемент во транспарентно и одговорно управување со јавните финансии, вели главниот државен ревизор Ацевски, во изјава за медиумите по повод одбележувањето на 26 години постоење.
Ацевски, изразува задоволство од постапувањето на институциите по ревизорските извештаи и посочи дека утрово, ги објавиле конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на Државна лотарија, каде што констатираат голем број неправилности во работењето на Државната лотарија, нагласувајќи дека тој е доставен до надлежните институции и изрази верување дека и по тој конечен ревизорски извештај набргу ќе имаме постапување.
– Ако може да видите во претходниот период постапувањето за Онкологија, тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за ископот во РЕК Битола, тоа е постапување по конечен ревизорски извештај, постапувањето во јавната здравствена установа Општа болница во Прилеп, исто така е по конечен ревизорски извештај. Така да верувам дека и по овој конечен ревизорски извештај набргу ќе имаме постапување и мислам дека соработка е на завидно ниво и со ЈО, Финансиска полиција и МФ и МВР, изјави Ацевски.
Прашан што подетално констатира извршената ревизија на работењето на Државна лотарија, Ацевски вели дека, ДЗР констатира дека има сомнеж за несоодветно користење на паричните средства во готово, сомнеж во водењето за јавни набавки, сомнеж во користењето на деловен простор за закупнина итн., и во исто време набавки на опрема којашто до денот на ревизијата не е ставена во употреба, а вредноста на истата опрема изнесува повеќе од 9 милиони евра.
– Видете, јас би рекол дека како државна ревизија веќе изразуваме само сомнеж во начинот на користење на парични средства. Имаме сомнеж во она што значи подигнување и прием на парични средства од продажните места каде што се врши продажба на лотаријата и се врши услугата на Државна лотарија од страна на склучените договори и поставените терминали. Потоа имаме сомнеж во начинот на подигнување на готовина на платен промет, односно од деловните банки, каде што одредена готовина наместо да се уплатува во благајната и во сметката се вршат одредени трансакции, коишто според наше видување се незаконски, и имаме сомнеж во начинот на постапувањето, појасни Ацевски.
Потоа, рече тој, имаме сомнеж дека согласно одредбите позитивни законодавства дури има склучено договори за дело за вработување на одреден број на луѓе, каде што државната ревизија констатира дека 75 вработени воопшто не доаѓале во известувачкиот период односно во периодот кој е предмет на ревизија, а во суштина се исплатувани парични средства, односно нивно надоместување.
Исто така, имаме сомнеж во начинот на набавката на одредена опрема за нејзиниот квалитет и квантитет, каде што тоа е констатирано и со пописната комисија.
– Имаме утврдено состојба и во исто време имаме утврдено УЈП каде што Државната лотарија неправилно утврдила даночна основица за пресметување на данокот на добивка. Потоа имаме утврдено сомнеж дека средствата за маркетинг се 10 пати зголемени во однос во 2024 година во однос на 2020 година. Исто така мислам дека имаме огромно зголемување во делот на она што значи трошоци за продукција, каде што во самиот ревизорски извештај се наведени информации дека одредени емисии или продукции воопшто не се доставени, а е извршено плаќање, нагласи Ацевски.
Тоа е од една страна, од друга страна имаме проблеми во доделувањата на договорите за јавни набавки, каде што Државна ревизија констатира дека скоро во 50 посто од договорите присутна е само една понуда, еден понудувач понудува одредени стоки, работи и услуги.
Исто така, како што реков, имаме сомнеж и тоа го истакнуваме во делот на она што значи набавка на електронски апарати за приредување игри на среќа, каде што се платени некаде 9 милиони евра, меѓутоа истите не се ставени во употреба. И имаме сомнеж во делот на користење на деловен простор, каде што одреден временски период некаде околу 6 месеци тоа воопшто не се користи, а се извршени плаќања, а во одреден период во суштина тоа се користи само како гаражен простор.
ДЗР уште во текот на ревизијата имајќи ја материјалноста на утврдените состојби, како што нагласи Ацевски, веднаш ја извести Финансиска полиција и Јавното обвинителство, и во исто време конечниот ревизорски извештај и нацрт ревизорскиот извештај е доставен и до Јавното обвинителство, до Финансиска полиција, до Министерството за внатрешни работи и до Министерството за финансии.