Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на избори ќе се повлече од политиката.
Изјавата на Ахмети доаѓа откако коалицијата „Вреди“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.
-Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам – ако ги изгубам изборите, се враќам дома, рече Ахмети.