
Пред четири години од ова место Ви се обратив со зборовите: „Сè има свој почеток. Сè започнува со еден сон”. Ви реков дека сите имаме свои сништа, за нашите деца, за себе, за државата. Верувам дека ќе се присетите кога истакнав дека ние, Албанците, сонувавме за слобода и еднаквост. Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртввуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето специјално обраќање до јавноста.
-Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира. Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно. Утре Браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди, посочи Ахмети.