Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска остварил средба со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Хулман.
Од партијата велат дека на средбата се разговарало за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја.
Воедно, Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.
Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива освен членството во големото европско семејство.
Исто така, претседателот Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што и ја нуди на нашата земја преку различните програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во државата.