Ахмети: Таравари сфатил дека Албанците во власта се само слуга и прават како ќе им каже агата

-Со ангажманот на политичките партии на Вреди во извршната власт, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето. За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците. Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки и дека тие се само слуга и тоа што ќе им каже агата тоа го прават, вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети потврди дека имал краток телефонски разговор со министерот за здравтство и лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

-Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави ТВ 21.

Според Таравари, причината поради која АА не постигна договор со другите челници на Вреди е тоа што тој сакал да оди на локални избори со посебна листа на советници, на што другите не се согласиле. Сепак, Ахмети вели дека има друга причина. Ахмети ги повика лидерите на коалицијата Вреди да ги напуштат институциите и да не бидат, како што рече, слуги.