Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, им честиташе на граѓаните по повод новогодишните празници, посакувајќи им здравје и благосостојба во наредната година. Преку оваа честитка Ахмети истакна дека годината што доаѓа ќе биде полна со предизвици бидејќи напорно работиме за подобра иднина.
Ова е пораката на Ахмети:
„Почитувани граѓани, браќа и сестри,
Последните денови од оваа година не поттикнуваат да рефлектираме за изминатите 365 дена и да ги предодредиме нашите цели за следните 12 месеци.
И оваа година, како и претходната, беше проследена со новите правила на живот кои ни ги наметна пандемијата, но и со загубата на голем број наши граѓани од вирусот и трагедиите предизвикувајќи голема болка кај сите нас.
Оваа година се одбележа и 20 годишнината од Охридскиот договор, правното потврдување на Коридорот 8, прогласувањето на Шар Планина за национален парк, како и следната изборна победа.
Ќе работиме за да ја започнеме годината што претстои со отворање на преговорите за членство во Европската Унија, со поставување на камен темелникот на Коридорот 8, енергетската и економската стабилизација, продолжување на гасификацијата и крајот на пандемијата.
На сите граѓани каде и да се, во државата, регионот и во дијаспората, им посакувам Среќна Нова Година со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех“.