
Ахмети по повод 24-години Охридски рамковен договор: Победи нашата заедничка држава, а никој не загуби
Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, што Трилинг го пренесува интегрално:
Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор, вклучително и службената употреба на албанскиот јазик, националното знаме, високото образование, правичната застапеност и многу други закони.
Изградивме универзитети, училишта, градинки, болници, Коридор 8, патна и подземна инфраструктура, воспоставивме нови образовни, културни и идентитетски институции, ги урнавме границите меѓу нас.
Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер.
Нашиот придонес за државата резултираше со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.
Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби.
Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели.
Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја.
Затоа, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор.
Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации.
Во меѓувреме, на оние кои ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и процеси и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам:
Храброста после војна и мудроста по говорот НЕ ВРЕДАТ.
Браќа и сестри,
Да се познаваш себеси е мудрост, да се управуваш е храброст.
Затоа, кога се отвора вратата, честта расте.
Ние се обединуваме, како никогаш порано, фаќајќи се за корените, а не за гранките, не како слуги и ќираџии, туку горди и посветени да одговориме на гласното народно барање за национално достоинство, денес или никогаш!
Да се собереме сите, млади и возрасни, мажи и жени, четврт векот од Охридскиот договор да не најде исправени и горди како вчера, а не наведнати, омаловажени и потценети, како денес!