Посакувам оваа смиреност да продолжи до приближување на разликите меѓу мнозинството и малцинството. Јас знам дека тоа не се лесни прашања и на средбата упатив апел да се надминат носталгиите, да се вратиме на рационалноста, рече лидерот на ДУИ по лидерската средба. Денешната била една од најдолгите лидерски средби која поминала рационално и во смирена атмосфера.
Со ваква оценка излезе лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната лидерска средба на која доминантна тема беа уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат во Преамбулата на Уставот за да продолжат преговорите со ЕУ.
Ахмети рече дека разлики има и тие не се за потценување, но тој апелирам да се надминат носталгиите и да се вратиме на рационалноста.
„Не треба да ги потценуваме разликите. Разлики секако дека има. Се надевам дека оваа средба нема да е последна туку да се продолжи со ваквите средби се до приближување на разликите меѓу политичките партии за да се гради заедничка стратегија за тоа како да ја промениме денешницата со еден подобар напредок и прогрес во иднина. Доминираше смиреноста, рационалноста и тоа ми е остави впечаток од оваа средба. Посакувам оваа смиреност да продолжи до приближување на разликите меѓу мнозинството и малцинството. Јас знам дека тоа не се лесни прашања и на средбата упатив апел да се надминат носталгиите, да се вратиме на рационалноста, на разумноста затоа што доколку се отворат прашања што припаѓаат на минатото тешко дека ќе може да се определиме за иднината“, рече Ахмети.
Без заеднички заклучоци заврши лидерската средба, за Ковачевски средбата сама по себе е позитивна
Ние, рече Ахмети, сме тие кои треба да направи повеќе конкретни чекори кон ЕУ затоа што ние бараме да сме дел од оваа унија и затоа нам ни се поставуваат услови како владеење на правото, судски реформи, борба против криминалот и корупцијата.
„Доколку ги исполниме овие услови, не само пред телевизиските екрани говорејќи поетски изрази, туку делувајќи институционално до вистински ветинг, нашата држава ќе зачекори напред. Пред сè приоритет, се даде на уставните измени, се отвори една таква дискусија, да се видат приоритетите, кој е главниот приоритет во ситуацијата во која се наоѓаме и затоа ќе градиме ставови околу ова прашање“, рече Ахмети.