Ахмети: Одлуката на Уставен за еднострано свикување јавна дебата за ре-преговарање на Охридскиот договор е апсурдна

„ Охридскиот мировен договор не е и нема да биде предмет на повторно преговарање. ДУИ останува посветена на заштитата на достигнувањата на Албанците и на изградбата на стабилна и праведна иднина за сите граѓани на Северна Македонија“ порача Ахмети.

Синоќа, на голем собир во Гостивар, претседателот на ДУИ, Али Ахмети остро ја осуди одлуката на Уставниот суд за еднострано свикување на јавна дебата за преиспитување на Охридскиот мировен договор, нарекувајќи го овој чекор апсурден и неприфатлив.

„Охридскиот мировен договор е историски документ, кој стави крај на една војна и ги постави темелите за праведно и еднакво општество. Тој е мировен договор кој не може да биде доведен во прашање или повторно преговаран од никого, а особено не од орган што нема ниту надлежност ниту легитимитет за тоа.

Законот за јазици, кој е дел од Охридскиот договор, ги гарантира еднаквите права за сите граѓани и претставува извонредно достигнување за мултиетничкиот соживот во Северна Македонија. Одлуката за отворање дебата за него е еднаква на обид за укинување на мировниот договор и создавање непредвидливост за иднината“ рече Ахмети.

Тој истакна дека Охридскиот договор е неприкосновен и дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на силен отпор од Албанците и од ДУИ.

Ахмети ги повика сите политички субјекти, граѓанското општество и граѓаните да се мобилизираат за заштита на ова историско достигнување и да не дозволат придобивките од мирот и стабилноста да бидат загрозени.

„ Охридскиот мировен договор не е и нема да биде предмет на повторно преговарање. ДУИ останува посветена на заштитата на достигнувањата на Албанците и на изградбата на стабилна и праведна иднина за сите граѓани на Северна Македонија“ порача Ахмети.