Ахмети: Нема Влада со партија која е против уставни промени

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против уставни промени.

„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше..“, вели Ахмети.

Според него, овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација – Азир Алиу.

„Азир Алиу. Беше потпишан само од претседателот на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет, Движењето за промени. Дека му создаваат другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил со азбука, ако има друга формула…“, рече Ахмети.

На новинарско прашање што пишува во договорот, Ахмети рече:

„Нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на С. Македонија. Толку. Нема влада со политичка партија која е против уставните промени“.