Ахмети: На 8. мај Билал Касами ќе добие нокаут

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети од Боговиње рече дека го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за, како што рече Ахмети, да не добие класичен нокаут.

Ахмети додаде дека лидерите на ВЛЕН се 20 години на власт и рече дека не се опозиција.

„Без да сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија, кои велат дека се опозиција, но сите се на власт 20 години, тие не се опозиција, да бидеме искрени“, рече Ахмети.