Ахмети на конгресот на ДУИ: Потребен е нов историски национален договор

Според Ахмети, државата може да биде функционална и одржлива само ако се потпира на довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. Тој предложи три клучни мерки што гарантираат фер застапеност, функционална еднаквост и социјална кохезија.

Според Ахмети, државата може да биде функционална и одржлива само ако се потпира на довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. Тој предложи три клучни мерки што гарантираат фер застапеност, функционална еднаквост и социјална кохезија.

На петтиот конгрес на партијата ДУИ, лидерот Али Ахмети пред делегатите и гостите говорејќи за политичките случувања, нагласи дека унитарната држава се зајакнува само кога сите граѓани се чувствуваат вистински претставени и вклучени во донесувањето одлуки.

Според Ахмети, Северна Македонија може да биде функционална и одржлива само ако се потпира на довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. Тој предложи три клучни мерки што гарантираат фер застапеност, функционална еднаквост и социјална кохезија во духот на Охридскиот мировен договор.

„Избор на Влада со двојно мнозинство. Предлагаме секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинството пратеници, туку и со мнозинството пратеници од немнозинските заедници. Ова ќе обезбеди владата да ужива двоен легитимитет и да биде вистински репрезентативна за сите етникуми. Овој механизам е гаранција за рамноправно функционирање на државата и за зачувување на меѓуетничката кохезија на највисоките нивоа на донесување одлуки“, рече Ахмети.

Како втора точка Ахмети ја нагласи, имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот Суд.

„Имплементација на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Законите што се одобруваат со двојно мнозинство во Собранието врз основа на Бадентеровиот принцип не треба да се поништуваат во Уставниот суд без двојно мнозинство и во редовите на судиите. Предлагаме измени што ќе овозможат одлуките што влијаат на правата на немнозинските заедници да не се донесуваат без меѓусебен консензус во рамките на судот. Оваа мерка ќе го зачува интегритетот на законите што се одобрени со двојно мнозинство, ќе ја зголеми довербата на граѓаните во правдата и ќе спречи каква било форма на институционален мајоризација“, додаде Ахмети.

Како трета точка, лидерот на ДУИ, побара продлабочување на децентрализацијата и локалната самоуправа. Овој предлог според Ахмети има за цел да го консолидира единството на државата.

„Предлагаме нова фаза на функционална и фискална децентрализација со понатамошен трансфер на надлежности во областите на образованието, здравството, локалниот развој и управувањето со јавен имот. Бараме финансиска независност на единиците на локалната самоуправа преку фер шема за враќање на даноците и таксите таму каде што се собираат. Овој политички предлог има за цел да го консолидира единството на државата, не преку доминација на мнозинството, туку преку рамноправно меѓуетничко партнерство, правилно функционирање на институциите и зајакнување на локалната самоуправа. Ова е единствениот пат кон стабилна, функционална и фер Северна Македонија за сите нејзини граѓани“, рече Ахмети ма петтиот конгрес на партијата.

Според претседателот на ДУИ, на државата и е потребен еден нов историски договор – национален договор.

„Нашите граѓани бараат повеќе, нашите деца заслужуваат повеќе, затоа дојде време за нов историски договор, договор не за опстанок, туку за напредок, национален договор за напредок. Националниот договор за напредок не е само политички, тој е обврска на сите заедници што живеат во нашата република и на експерти од соодветните области. Договорот е морална обврска, ветување кон нашите деца и визија за земја каде што соништата се остварливи, а достоинството е загарантирано“, рече тој.

По петтиот конгрес на ДУИ, се очекуваат значајни промени во своите раководни структури.