„И јас ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Ако Изет Меџити зборува лошо за својата куќа, тоа е слично со тоа да ти падне своја плунка на лице. Ако бил криминализиран ДУИ, тој беше 20 години во ДУИ, и требало поотворено да ми зборува на состаноци против криминалот или неправдата, или лошите рабооти кои се случувааат во ДУИ“ – вели лидерот на ДУИ
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, меѓу другото, беше прашан и „зошто дозволи едно негово политичко чедо, Изет Меџити, да си замине од ДУИ“. Ахмети одговара дека ако ДУИ е криминализирана партија, како што обвинува Меџити, тој требало поотворено да зборува со претседателот Ахмети против криминалот, неправдата или лошите работи кои се случувааат во ДУИ.
Откако подолг периот Меџити и уште неколкумина негови сопартијци јавно изразуваа незадоволство од состојбите во партијата, тие ги напуштија партиските функции и најавија дека ќе дејствуваат како фракција која стана позната како „огнената група“. Подоцна, Меџити формираше нова партија – Демократско движење.
Меџити 20 години беше лојален на ДУИ, беше нејзин потпретседател, а како кадар на ДУИ беше и градоначалник на скопската општина Чаир. За формирање нова партија не доби поддршка од Муса Џафери, Невзат Бејта и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кои претходно беа дел од „огнената група“.