Ахмети: ДУИ може да функционира и без Али Ахмети, но и без Џафери, Меџити, Беџети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска зборуваше за последните случувања во ДУИ. Тој рече дека во ДУИ 20 години е инвестирана национална програма и дека може да функционира и без Али Ахмети, но и без Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и другите членови на партијата.

„Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмет, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“ – коментираше лидерот на ДУИ по вчерашнато писмо потпишано од високи сегашни и поранешни функционери во кое се искажува незадоволство од Артан Груби.

Според Ахмети, ова не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

„Не е местото каде што треба да влезам и да ги елаборирам моите спомени од 20-годишното владеење со ДУИ, бидејќи имало моменти на незадоволство и секогаш имало дебати и, пред сè, тоа е вредност на која јас инсистирав 20 години по ред, работите да се кажуваат отворено, јавноста да знае отворено за позициите на спротивставените мислења“ – вели Ахмети.