ДУИ е нападната од сите страни, бидејќи таа е клучот за функционирањето на државата. Но ДУИ не се урива така лесно, бидејќи е структура која е родена од ОВК и крвта на мачениците, порачал престедателот на партијата Али Ахмети на коктелот организиран за изборот на новиот состав на чаирскиот огранок.
Додека бевме во коалиција со ВМРО, СДСМ вршеше страшни напади, не викаа вмровска патерица, се црно се зборуваше за ДУИ. Зошто сето ова? Затоа што бевме и сега сме клучната партија, без нас институциите на државата не би биле стабилни, без нас не би можела власта стабилно да функционира. ДУИ никогаш досега не била соборена, затоа што нашата партија не е родена во политички салони или телевизиски студија, туку е создадена од УЧК и од крвта на хероите“ – рекол Ахмети.
Тој додал дека никогаш не дејствувал преку туѓа пот и дека не бил вклучен во активности за злоупотреба на довербата на луѓето.
„Таа крв ја имам на врата, ја имам таа крв од мојата семејна традиција, никогаш не сме пораснале и не се храневме со туѓа пот, туку со потта на сопственото чело. Затоа, не сум влегол во овие полиња на дејствување за да ја злоупотребувам довербата на луѓето, ниту на фронтовите каде што сум бил, ниту во мирот што го градиме заедно со сите наши соработници“, рече Ахмети.
Тој на Фејсбук им се заблагодари за топлиот и масовен прием од членовите на ДУИ во огранокот на Чаир.
„Заедно поминавме две децении успешни активности со исполнети витални мисии за еднаквост и подобар и квалитетен живот. Мило ми е што сме подготвени да продолжиме да пишуваме нови поглавја од европската иднина. На новиот состав на огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир предводен од неговиот претседател, Беким Незири, му посакувам успех во нивната мисија да бидат во ефикасна услуга на граѓаните на Чаир“, напиша Ахмети.