Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети за утре свика состанок на Централното Претседателство.
Веста ја потврдија од партијата.
Според информациите, состанокот е закажан за во 15 часот.
„Утре, понеделник, 21.10.2024 година, со почеток од 15:00 часот, во седиштето на партијата во Тетово, Мала Речица, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети го свика 16-тиот состанок на Централното Претседателство (Претседателството на Генералниот Совет)“, велат од ДУИ.