Ахмети го назначи Османи за координатор во Чаир, Меџити: Тоа е нестатутарна одлука

Битката во ДУИ како што изгледа станува се пожешка.

Додека Огнената група бара разрешување на министрите, лидерот на партијата освен тоа што не ги слуша, сега, како што дознава ТВ21, тој го именувал Бујар Османи за координатор на политичките процеси во Чаир. Тоа подразбира преземање на надлежностите на Изет Меџити, како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир.

ТВ21 го праша Меџити дали тоа значи исклучување од партијата!? Тој кратко одговори:

„Добро би било да го прашате господинот Ахмети за овие политички различности и тенденцијата за замолчување на тие кои мислат различно! Поради тоа што тоа е нестатутарна одлука која не поминала низ партиските органи“, вели Изет Меџити.

На собирот што го одржа Огнената група со жителите на Чаир, Меџити, зборувајќи за разрешување на замениците министри и директори кои се поддржувачи на „огнената група“ и нивна смена со кадри на Алијансата, прашаа кој ќе ги обезбеди нивните гласови на претстојните избори во Чаир.

„Прашувам кој ќе собира гласови за ДУИ? За кого ќе работат тие зам.министри и директори кои ги именува оваа Влада. На денот на изборите тие ќе работат за ДУИ или за нивниот субјект“, додава Изет Меџити.