
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети од говорница во Гостивар ги жигоса телевизиите Телма и Алфа како „непријатели на Албанците“ што e сериозно попречување на слободата на медиумите и говор на омраза.
– Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“, Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо – рече Ахмети.
Вакви посочувања со прст кон конкретни медиуми не е првпат да се изрекуваат од политичари.