Претседателот на ДУИ – Али Ахмети вели дека „нерешените проблеми на Европа со Балканот се резултат на недовршената Прва светска војна, бидејќи сите овие проблеми за кои зборуваме се проблеми уште од Првата светска војна”.
Според Ахмети, претседателот на Србија се почувствувал нелагодно зашто на масата отворено се разговарало за затворање на проблемите меѓу земјите, на Балканот.
„Нелагодно, зашто има многу случувања меѓу нас и Србите и тоа не се лесни теми за разговор. И самиот Енвер Хоџај во книгата пишува дека е потребен историски договор меѓу српската и косовската страна, или – борба. Но која е цената на нова војна, а која пак на договор што ќе се постигне меѓу страните? Фатални би биле резултатите од нова војна. Дваесет години зборуваме за помирување меѓу Косово и Србија, се разбира преку историски договор и во таа насока треба да се работи напорно. `Отворен Балкан` можеби не е привлечен, но е автохтона иницијатива и останува да видиме што може да се постигне” – рече Ахмети, пренесуваат косовските медиуми.