Али Ахмети – лидерот на ДУИ денеска од Слупчане рече дека споменикот ги обединува народите од Македонија. Тој истакна дека УЧК е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.
„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. УЧК е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без УЧК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување. Да потсетиме дека без УЧК оваа земја нема историја и иднина.
Иднината на државата е обележана токму со овие три златни букви и генеза од 2001 година. Дури и Охридскиот мировен договор е резултат на оваа армија, како и идниот договор од Преспа кој не направи членки на НАТО.
Вечноста е во делото на војниците на слободата, во благословот на нашите мајки, во маченичките маченици и во посветувањето на татковината“ рече Ахмети.