Ахмети: Ако тие што зборуваат бугарски одат во Бугарија, а Албанците во Албанија, кому ќе ја оставиме Македонија?

Ова го изјавил Али Ахмети, лидер на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), како што пренесува БГНЕС. Според нивното толкување Ахмети навестил дека Македонците зборуваат бугарски.

Македонците им кажуваат на тие што зборуваат албански да одат во Албанија. „Ако постапиме вака, ако некој оди во Бугарија, а друг во Албанија, на кого ќе ја оставиме оваа земја?

Ова го изјавил Али Ахмети, лидер на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), како што пренесува БГНЕС. Според нивното толкување Ахмети навестил дека Македонците зборуваат бугарски.

Според Ахмети, Македонците не треба да се грижат за албанскиот јазик и напредокот на Албанците, бидејќи тие не се дојденци во земјата.

„Многу сум разочаран кога слушам дебати меѓу интелектуалци, аналитичари и публицисти, нашите сограѓани Македонци. Тие се многу загрижени поради фактот што Албанците го сменија својот политички статус во оваа земја и веќе не се станари во своите домови, туку станаа сопственици. Тие се загрижени зошто Албанците имаат свој јазик, зборуваат свој јазик, пишуваат свој јазик, имаат албански административци, полицајци, војници, односно се застапени во сите институции“, рече и Ахмети.

„Ги гледам како зборуваат како змии, како оваа земја да им припаѓа само на Македонците. Но, не е така, затоа што не е само нивна. Албанците не се од вчера во оваа земја. Не прашуваат зошто Албанците овде зборуваат албански, а Алжирците во Франција не зборуваат арапски, а 6-те милиони Турци во Германија не зборуваат турски, а велат: „Ако овие луѓе сакаат да зборуваат албански, нека одат во Албанија“. Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја, прашал Али Ахмети.