АХВ утврди неправилности и кај месните производи

Од АХВ најавуваат дека во наредниот период ќе бидат објавени имињата на производителите и операторите кај кои се утврдени неправилности, откако ќе се обработат сите податоци.

Во најновите контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се утврдени неправилности кај дел од млечните и месните производи на пазарот, при што кај некои примероци е откриен несоодветен состав во однос на декларираното.

Како што изјави Светлана Колариќ од АХВ во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, во март биле спроведени засилени инспекции во малопродажната мрежа во Скопје. Инспекторите земале 91 примерок – 45 млечни и 46 сувомеснати производи.

Анализите покажале присуство на растителни масти во дел од млечните производи, иако тие не смеат да се користат во производи како млеко, сирење, кашкавал, павлака и путер.

Посериозни отстапувања од стандардите се утврдени и кај месните производи.

Од АХВ најавуваат дека во наредниот период ќе бидат објавени имињата на производителите и операторите кај кои се утврдени неправилности, откако ќе се обработат сите податоци.

Колариќ нагласи дека целта на Агенцијата е заштита на потрошувачите и дека досега биле спроведени повеќе акции за отстранување на небезбедна храна од пазарот.