АХВ повлече чоколадо од маркетите

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека од продавниците се повлекува чоколаден бар „Милка орео“ од 37 грама, поради присуство на делови од пластика.

Производот е со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18.08.2024.

-Причина за отповикување: присуство на пластични фрагменти, додаваат од АХВ во соопштението.

Чоколадниот бар е произведен во „Mondelez Polska Production SP Zoo“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“.