АФПЗРР: Исплатени скоро 114 милиони денари финансиска поддршка за произведено и предадено млеко од програмата за Интервентен фонд

Исплатени 113.839.560,00 денари кон 6.007 корисници на подмерката од Интервентниот фонд.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

-Корисници на подмерката 2.3 „Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко” се корисниците од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и тоа земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистерот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) кои сопственото производство го користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или го имаат произведено и предадено на регистриран откупувач на суроово млеко, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, во период од 01.10.2021 година до 30.09.2022 година, информираат од  АФПЗРР.

Висината на финансиската поддршка изнесува 1 денар по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко на регистрирани откупувачи, односно преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

-Како досега така и во следниот период продолжуваме со засилена динамика за имплементација на програмите за директни плаќања, рурален развој и програмата за интервентен фонд како главни механизми за државна финансиска поддршка за агросекторот и домашното производство на храна,  истакна директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.