СДСМ бесрамно фалсификува документи. Недостоинствено за владејачка партија е да се служи со црна кампања од ваков најнизок формат, соопшти денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС се служи со груби лаги, со фалсификувани документи, со коишто освен што врши недостоинствен напад врз опозицијата, туку во стилот на тоталитарните режими, го нападна јавниот сервис, ги нападна агенциите за мерење на јавното мислење, го спори расположението на граѓаните. Во истата насока ова доаѓа по низа напади врз медиумите затоа што објавувале за криминални и недозволени скандали за владејачки функционери и институции.
Оттука, најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС.
Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, за што се наведува во емисија во функција на фалсификатот на СДС, а потоа прераскажани од СДС“, вели тој.