
Аудиција за избор на главна женска улога во играниот филм „Голиот рид“
Сити стар продукција ќе организира отворена аудиција за избор на главна женска улога во „Голиот рид“ - нов игран филм на режисерот Игор Алексов, автор на наградуваниот филм „Лена и Владимир“.
Сити стар продукција ќе организира отворена аудиција за избор на главна женска улога во „Голиот рид“ – нов игран филм на режисерот Игор Алексов, автор на наградуваниот филм „Лена и Владимир“.
Продукцијата го најавува неговиот нов филм како мистериозен трилер и за главниот женски лик бара актерка или студентка по актерска игра која треба да е на возраст од 20 до 35 години. Рокот за пријавување е до 26 ноември, а аудициите ќе бидат организирани од 27 ноември во просториите на „Вардар филм“.

-Заинтересираните кандидатки може да испратат пријава на е-пошта: citystar.production@gmail.com и да наведат име, презиме и возраст, неколку професионални или аматерски фотографии, кратка биографија и телефон за контакт, соопшти Сити стар продукција.