Медиумите во САД објавија аудио снимка од поранешниот американски претседател Доналд Трамп како прелистува доверливи документи надвор од Белата куќа.
Снимката содржи нови детали од разговорот, кои се всушност и клучни докази во обвинението на специјалниот советник Џек Смит против Трамп, кој е обвинет за незаконско ракување со доверливи информации.
На аудио снимката се слуша како Трамп ги прелистува документите, велејќи „ова е строго доверливо“, што според наводите, е директно признание дека ги поседувал доверливите документи, објави Би-Би-Си.
BREAKING: CNN has just released a 2 minute audio recording of former President Trump speaking to a writer and apparently showing her classified Pentagon attack plan documents.
“These are the papers” Trump says as you hear him flipping through the pages. Trump then goes on to… pic.twitter.com/d3mOOIqlGG
— Brian Krassenstein (@krassenstein) June 27, 2023
Си-Ен-Ен први ја објавија снимката која трае околу две минути, наведувајќи дека е создадена за време на интервјуто што Трамп го дал во јули 2021 година.
На тоа видео Трамп вели: „ова се документи“, за кои потоа вели дека се „строго доверливи“.
Трамп се соочува со сериозни обвинувања дека криел доверливи документи по завршувањето на неговиот мандат во Белата куќа. Тој се товари по дури 37 точки од обвинението, меѓу другото, за земање податоци за националната одбрана, како и за нуклеарни тајни.
Тоа е второ обвинение против Трамп и прво на федерално ниво против поранешниот претседател.
Обвинението против Трамп е сугестија дека чувањето на строго доверливи документи можело да ја загрози националната безбедност на САД.
Доверливите документи запленети од агентите на ФБИ во вилата на Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида содржеле информации за нуклеарната програма на САД, за можностите на вооружувањето на САД и на другите странски сили и „потенцијалната ранливост на САД и нејзините сојузници од воен напад“.
Според обвинението, Трамп ги чувал тие документи повеќе од една година во различни простории во вилата на Флорида, вклучително и во сала за бал, бања, канцеларија и спална соба.
Трамп во моментов води кампања за враќање во Белата куќа на изборите во 2024 година.