Во најновото издание на Трилинг гостуваше новинарката Кристина Атовска, единствен новинар од Македонија која беше на воените барикади во Украина.
,,Таму линијата на огнот постојано се поместува, но не многу, не во голема мера. Постојано трупаат оружје и двете страни’’ – вели Атовска.
,,Додека сите ние репортери таму работиме, додека сме на терен, некако не постои страв има само фокус на работата, но кога ќе падне ноќ и ќе дојде оној полициски час, кога ќе почнат да се тресат зградите, целиот град од тешко бомбардирање, не е возможно да не се чувствуваме исплашени.” – вели таа.
Атовска појасни зошто документарниот филм е насловен ,,Приспивни сирени’’ .
,,На почетокот кога стигнав и кога ја слушнав првата сирена во 3 по полноќ, кога се разбудив во бунило, си реков зарем вака изгледа? И тоа е всушност мирен град каде што има сирени каде што предупредуваат ,да те разбудат да се засолниш и тоа е безбеден град. Небезбеден град има само една сирена што го означува почетокот на полицискиот час а бомбите паѓаат без престан”- вели Атовска.
Според неа, не постои кадар кој може да обучи новинари во Македонија на воено новинарство.