Јурај Цинтула, осомничениот за нападот на словачкиот премиер Роберт Фицо, денеска пред судот ја призна вината.
Како што јавуваат словачките медиуми, Цинтула денеска е однесен во Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок, со посебни безбедносни мерки, а во просториите на судот не можеле да влезат ниту новинари, ниту јавноста.
Десетици регионални полицајци и специјалци беа распоредени пред зградата на судот, јавува ДПИ.