Џон Хинкли (67) – човекот што пред 41 година се обиде да го убие тогашниот американски претседател Роналд Реган само за да ја импресионира актерката Џоди Фостер е безусловно е ослободен од страна Федералниот суд во САД.
Судијата оценил дека Хинкли, по долгогодишно лекување и психолошки надзор, повеќе не е опасен за општеството.
Хинкли го застрела Реган додека го напушташе хотелот „Хилтон“ во Вашингтон на 30. март 1981 година. Тој тогаш рекол дека само сакал да ја импресионира Фостер, која ја гледал во филмот „Таксист“.
Еден од куршумите се одбил од претседателскиот блиндиран автомобил и го погодил Реган во градите, поминувајќи му во близина на срцето. Три лица биле повредени во инцидентот.
Хинкли беше затворен во психијатриска болница повеќе од 30 години, а условна слобода доби во 2016 година.
Сепак, морал да го пријавува секое негово излегување од куќата, редовно да оди на лекар и да пишува белешки во дневник за сите неговите секојдневни активности.
Судските документи покажуваат дека неговата психичка состојба сега е „стабилна“ и тој безусловно е на слобода.