
Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ го признава поразот во Центар преку прокси кандидатот Лабудовиќ
Кандидатурата во Општина Центар од страна на прокси кандидат на ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатот од редовите на ЗНАМ е доказ дека оваа општина е пуштена низ вода и дека главната владејачка партија се има помирено со фаворитската улога и извесната повторна победа на Горан Герасимовски.
Кандидатурата во Општина Центар од страна на прокси кандидат на ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатот од редовите на ЗНАМ е доказ дека оваа општина е пуштена низ вода и дека главната владејачка партија се има помирено со фаворитската улога и извесната повторна победа на Горан Герасимовски. Штом ВМРО-ДПМНЕ не кандидирала свој кандидат за Центар, веројатно и не верувале дека туку така ќе победат, како низ цела Македонија, како што веруваат. Ова го потенцира политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во неговата последна колумна за медиумот „Локално“.
Атанасоски истакнува дека маргинализацијата на ЗНАМ ќе дојде веднаш по завршување на локалните избори, каде што на советничките листи ќе доживее дебакл и ќе освои многу помалку гласови од минатогодишните парламентарни избори.
„Во оваа партија, за жал се набутаа, веројатно најклиентилистичките, најперфидните и најматеријалистичките кадри од “времето на господинот Бранко”, кои времето во нивната матична партија со доаѓањето на двоецот Заев/Шекеринска ги прегази и ги фрли на маргините во политичкиот живот во Македонија. Па така како одминува годините, кај ним, злобата, пакоста и фрустрациите се зголемуваа и со чест на исклучоци, политичкиот шлајм и талог од СДСМ, најде плодна почва повторно да вирее и да се појави на површина со формирањето на оваа партија. Со освоени шест пратеници, на минатогодишните парламентарни избори, тие веднаш поитаа да влезат во власта со десно-конзервативнината ВМРО-ДПМНЕ и да глумат поголеми националисти и шовинисти во однос” на Албанците и Бугарите”, и од самата десница кај нас. Затоа се смешни, како од либерално-демократски социјалдемократи во минатото, станаа РистоНиковци во својот одвратен популизам. Всушност се очајни паразити, кои го гледаат единствено и само својот личен и семеен интерес. Почнувајќи од претседателот на партијата, до генералниот секретар, завршувајќи со потпретседателката од Битола, која беше во буквална и преносна смисла на зборот расчепатена по налог на ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент на таканаречениот “Црн понеделник”, на 24 декември во далечната 2012-та година, за денес да биде горда и своја патриотка со оваа партија во коалиција која ја понижи пред целата македонска јавност и како жена и како човечко битие. Кое очигледно во себе го нема.
-ЗНАМ од “респектабилен” партнер во власта во ВМРО-ДПМНЕ ќе заврши како маргинален и небитен коалициски партнер, кој најверојатно ќе исчезне, можеби не целосно, но ќе се стопи до непрепознатливост како што ќе одминуваат годините и изборите во иднина. Нешто слично како партијата НСДП на Тито Петковски, која започна по буквално ист рецепт како ЗНАМ, со шест пратеници и власт со ВМРО-ДПМНЕ и двајца министри во кабинетот на Груевски, за да заврши како најнебитен фактор на политичката сцена со претседател кој обичниот народ и граѓани, воопшто и не го знае како се вика“, пишува Атанасоски.
Актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, Билјана Ивановска и Мирослав Лабудовиќ се тројцата кандидати што ќе трчаат за градоначалник за Општина Центар. Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.