Атанасовски: Со победа на Герасимовски, Центар ќе биде бастионот на опозицијата

„Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во дел од скопските општини онаму каде што имаат актуелни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ односно каде што победиле на минатите локални избори во 2021 година со исклучок на Општина Центар кадешто очекувам победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од редовите на СДСМ и тоа да биде опозициско јадро на грогираната опозиција“, рече Атанасоски.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за Сител телевизија ги анализираше претстојните локални избори што треба да се одржат на 19 октомври. Во своето гостување, тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи во дел од скопските општини, со исклучок на Општина Центар кадешто повторно втор мандат би добил актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

„Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во дел од скопските општини онаму каде што имаат актуелни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ односно каде што победиле на минатите локални избори во 2021 година со исклучок на Општина Центар кадешто очекувам победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од редовите на СДСМ и тоа да биде опозициско јадро на грогираната опозиција“, рече Атанасоски.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а кандидати за градоначалник на Центар се Горан Герасимовски, Билјана Ивановска и Мирослав Лабудовиќ.