„Од совеста на шест луѓе зависи дали Владата ќе добие поддршка. Да видиме што ќе се случи во гласањето, па има време да се реагира. Планирано е да се заврши без работа во сабота и недела, но ако треба ќе работиме дополнително“.
Ова го изјави министерот за финансии – Асен Василев од „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков во пресрет на почетокот на дебатата и гласањето за недоверба на владата.
Од истата партија потенцираат дека новата коалиција меѓу ДПА, ГЕРБ и Преродба мора да ги обезбеди гласовите.
„Тие ја имаат топката. Она што го видовме во последните денови – нервозата со која зборуваат – сугерира дека не се сигурни дека ги имаат овие гласови. Мотивите за гласањето се апсолутно едноставни, на сите им е јасно – сите податоците од централната банка, НСИ, партнерите, рејтинг-агенциите, министерот за финансии на Германија – покажуваат дека на Бугарија ѝ оди многу добро во многу тешка економска ситуација за Европа, така што овие аргументи се целосно неодржливи и неосновани“ – велат оттаму.
Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата, како што јавува „БГНЕС“ може да дојде до промени.
ГЕРБ, која е подносителот на барањето за гласање недоверба, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа.
Владејачката коалиција има вкупно 115 гласа – Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН.
Гласањето ќе биде утре (22 јуни), но доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за в четврток.