Вицепремиерот Артан Груби во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5 негираше дека запаленото Ауди е негово. Тој тврди дека возилото е на негов близок пријател, кој во исто време бил и успешен бизнисмен.
-Возилото Ауди од 2008 го продадов и за приватни потреби ги користам возилата на моите браќа, Ксарата на татко ми , како и други возила. Апсолутно Аудито не е мое возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција и не го користев ова возило 10 дена. Лажни се снимките дека неодамна сум го користел тоа возило, и тоа од 2019. Сите претпоставувале дека возилото е мое лично. Пријателот ми е близок и живее во моја близина. Имаше флешери возилото , вели Груби.
Додава дека пријателот е успешен бизнисмен преку 30 години и може слободно да го испитаат потеклото на неговиот имот.
-Ги поканувам сите институции да истражат било каква претпоставка дека имам некаков имот и дека од целиот настан во 3 и пол наутро пред моите деца , не изразија жалење. Ова за мене говори за многу жална ситуација во која се наоѓа нашето општество. Нека се истражи чие е возилото, рече Груби.