Арсовски: Изборниот театар допрва почнува

➡ Треба да очекуваме ВМРО-ДПМНЕ повеќе да биде фокусиран на конкретни прашања кои се надлежност на општините, а СДСМ повеќе да е фокусиран на национални теми, вели комуниколог и политички аналитичар, Петар Арсовски,

Треба да очекуваме ВМРО-ДПМНЕ повеќе да биде фокусиран на конкретни прашања кои се надлежност на општините, а СДСМ повеќе да е фокусиран на национални теми, рече Петар Арсовски, комуниколог и политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за кампањата за локалните избори која официјално стартува денеска.

„Мислам дека тоа ќе се забележи во почетните комуникациски стратегии. И тоа има логика, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ужива имиџ на партија која е поефикасна, поорганизирана за локални проблеми, а СДСМ ужива, условно речено, државнички имиџ“, истакна Арсовски.

Според него, локалните избори се одвиваат, како што рече, „под еден чадор на детерминирана политичка атмосфера“.

„Забележувам дека партиите веќе ги фаќа предизборна еуфорија, веќе се поактивни во говорите, подиректни политички пораки упатуваат еден кон друг. Мислам дека театарот допрва почнува, дека ќе се изнагледаме една тензична кампања, но очекувам релативно мирна, без посериозни инциденти“, додаде Арсовски.