„За две години граѓаните ќе имаат бесплатен јавен превоз, а ќе се набават и електрични автобуси“. Ова вечерва на тв Телма го изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
„Средства во буџетот монентно нема, градот е задолжен скоро 160 милиони евра, но тоа не значи дека нема да набавиме електрични автобуси. Ќе има 250 еко автобуси. Тоа е амбициозна програма, но е и мој фокус и ќе не стави на мапата на чисти, еколошки градови. Има донатори и квалитетни фондови за оние што сакаат да се придвижат кон зелената транзиција“ – истакна Арсовска.
Таа информираше и дека за помалку од неколку месеци ќе се реализира најголемиот еко капитален проект – пречистетелна станица.
Проектот, според информациите, треба да почне во септември, а Европската банка за обнова и развој е еден од партнерите.
За Универзална сала, градоначалничката напомена дека решението моментно не ги исполнува стандардите и не е технички квалитетно, а проектот е успорен зашто некој претходно направил грешки.
„Проектот, сепак, не застанува, колку и некој да сака тоа така да го профилира во јавноста. Ќе се бара безбедно и сигурно решение“ -потенцираше Арсовска.