Арсовска: Ќе го дестабилизираат Скопје – прво со ЈСП, па со „Комунална“

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, влезе во клинч со власта, преку изнесувањето факти за тоа како се градат дивоградби во Чаир, сега таа најавува дека намерата им е дестабилизација на Скопје.

„Им се дестабилизира милионскиот бизнис.
Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми.
Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје.
Ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат.
Ете што ќе се случува од денес.
Бизнис коалицијата со Ганиу, Меџити и Адеми, не смее да трпи.
На сликава од вчера ѕирка дестабилизираниот елемент“, напиша кусо утрово Арсовска на социјалните мрежи.

Не е невозможно она што го најавува Арсовска, со оглед на тоа што веќе три дена ги нема приватните автобуси, по завршувањето на договорот со нив, а за тоа дека градот е голема депонија, сведочиме со месеци.