Арсовска: Такво време дојде – ем да тепаат жени, ем да глумат жртви!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави дека насилникот што ја нападна додека правеше инспекција на дивоградби се брани со тврдење дека бил тепан и за тоа извадил отпосле потврда.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави дека насилникот што ја нападна додека правеше инспекција на дивоградби се брани со тврдење дека бил тепан и за тоа извадил отпосле потврда.

„Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него. Тврди дека сум ГО ТEПАЛА со лекарски извештај од дигестивен хирург изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по негово кажување дека повреди имал на ногата ќотекот што го јадел од мене.

Судот и обвинителството вчера одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала.

На утрешното судење ќе има завршни зборови, искрено би сакала од него уште еднаш гласно да слушнам како јадел ќотек. Такво време дојде – ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“, порача Арсовска преку социјалните мрежи.