„Да можеше градот да креира енергетски и економски политики, ќе ги креираше и изготвеше досега. Она кое беше отпочнато во преземање на дел од ингеренциите на Градскиот енергетски систем како претпријатие за жал не успеа да добие лиценца од страна на Регулаторната комисија за енергетика и истото е сега во овој момент во спор. Се надеваме по разрешувањето на оваа состојба ќе има конкретно решение и таа лиценца ќе биде добиена, меѓутоа, до тој момент градот, како и останатите општини немаат никакви ингеренции над она што се случува“. Ова меѓудругото вечерва на тв Телма го изјави градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска.
„Неопходно е да се најдат начини како систематски да се помогне на целото општество, меѓутоа тука не се работи само на корисниците на парно греење, се работи и за субвенционирање на локалните власти, се работи за помош и на јавните претпријатија, како и за субвенционирање на домаќинствата и на приватниот сектор. Со оваа енергетска криза сме соочени сите и верувам дека неопходно е на национално ниво да има една стратегија и да има начин како преку одредени мерки кои ќе се помогне на сите категории на кои им е неопходно во овој момент“ – рече градоначалничката Арсовска.