
Градоначалничката на Град Скопје на тв24 кажа дека со блокадата на ребалансот не може да се реализираат потребните работи за граѓаните. Таа го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека го донело Град Скопје во неповолна ситуација.
„Ние откривме голем број луѓе кои не работат ништо по цел ден или не одат на работа, а земаат плата. Откривме луѓе кои во последните четири-пет години живеат во Германија, а земаат плата секој месец. Тие работи ги прекинавме и затоа постои отпор“, вели Арсовска.
Целото Јавно сообраќајно претпријатие е доведено во тотален колапс. Претседателот на Синдикатот си ги вработил и сопругата и детето и нормално дека кога ќе почнете реформи не им одговараат, истакна Арсовска.
„Значи, мора да се работи. Не може само со навреди и обвинувања да се работи. За да донесеме еко автобуси мора да видиме каков е буџетот, а тоа треба да добие и поддршка од мнозинството во Советот“, вели таа.