Незаконско е решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ, утврди Управниот суд. Оттаму побараа од Град Скопје да го поништи решение.
Вработените сведочат дека Алексов и понатаму си доаѓа на работа, а градската управа не соопштува дали и кога ќе се спроведе пресудата.
Пресудата на Управниот суд е од 28 април годинава, по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата.
Тој го презеде управувањето во јануари годинава, иако имаше диплома за детектив, заменувајќи го Ванчо Богоев кој обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен (Бени) Шакири.
По бурните реакции на културната јавност и вработените за смените во МКЦ, градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека ги почитувала сите законски процедури при назначувањето на Алексов.
Никола Алексов на 19 јануари беше назначен за в.д. директор, а веќе следниот ден од Град Скопје беше најавена ревизија која траеше во наредните денови по што Арсовска откри дека минатата година во МКЦ биле склучени над 250 договори за ангажирање луѓе спротивно на закон, без да се потпишат договори за времено вработување или да се ангажираат преку Агенција за привремени вработувања.