Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се огласи на својот Фејсбук профил.
Сподели фотографии од испразнети контејнери за отпад и порача дека состојбата се нормализира.
– Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор – напиша Арсовска.