Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска тврди дека на премиерот Мицкоски му се причинува дека на средбата со неа во владата не слушнал план од неа за очајната состојба на градот пред се со хигиената и автобускиот превоз.
Премиерот денеска изјави дека не слушнал план на средбата со вас пред два дена, и рече новинарот на тв Сител вечерва во дневникот на што Арсовска се изнасмеа во нејзин стил и додаде „му се причинува дека не слушнал никаков план“.
Арсовска во интервјуто истакна дека на средбата го информирале дека купувањето на еко автобуси кои планирале да ги купат го блокираат подолго време советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се мнозинство и затоа има криза во градскиот превоз. Арсовска мафташе со планови кои ги имаат но не може да ги спроведат затоа што советниците од мнозинството свесно ја блокираат нејзината работа.
Повтори дека се почнало откако ги фатила „рачињата во медот„ околу изградбата на пречистителната станица за што го разреши тогашниот директор Златко Перински кој сега е министер за локална самоуправа од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
„Зошто не го повикавте овде во студио Перински заедно да ги расчистиме работите и да видиме кој ја зборува вистината и дали како што по средбата во владата изјави дека Арсовска не сум донела никаков план затоа што немам“ врати градоначалничката на констатацијата на новинарот дека за неа важело дека никој не чини само таа.
На директното прашање „зошто не се повлече“ Арсовска врати дека требе да се повлечат советниците кои земаат по 500 евра паушал за еднаш во месецот да дојдат на седница и да блокираат наместо како неа која прва секој ден доаѓала во просториите на град Скопје а последна заминувала аи трета година по ред не земала ни еден ден одмор.
Таа не одговори дали ќe има договор на најавената средба во град Скопје за решавање на проблемите пред се со нехигиената, превозот односно очајната состојба во која досега Скопје не бил.