Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во интервју за утринската програма Здраво Македонија кое целосно ќе се емитува во понеделник, на утринската програма.
Таа вели дека извештаите од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон.
Од ЕСМ потврдиле дека сите процедури се завршени во делот на отстранување на оштетните цевки кои се под изгорениот мост и се видливо оштетени.
Деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски вчера посочи дека не сака да тврди оти мостот има сериозни оштетување, туку дека се неопходни детални анализи. Марковски потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија