Арсовска: Имам чешко, а не бугарско државјанство!

Во интервју на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на порталот Инфомакс таа потврди дека поседува двојно државјанство, но тоа не е бугарско како што пред локалните избори во 2021 година тврдеше владејачката СДСМ покажувајќи бугарска лична карта на име Даниела Арсовска, со адреса во Петрич.

-Не велам дека тоа е лошо, дури и да е така, тоа не е грев. Има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично, рече Арсовска.

Таа додаде дека поседува чешко државјанство кое го добила по раѓање од мајката.

Арсовска на почетокот на мандатот како градоначалник на Скопје се откажа од титулата почесен конзул на Унгарија, дипломатско звање кое и беше доделено од владата на Орбан и врачено од унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто при отварање на почесниот конзулат.