Арсовска до Ристовски: Не посрами и сега вината ја префрлаш на нас
Град Скопје ја демантира изјава на Борко Ристовски, министер за спорт, дека не бил надлежен за организирањето на младинската олимпијада, кое се покажа како скандалозно. Според Град Скопје, токму министерот за спорт половина година работело на организацијата исклучувајќи го целосно Град Скопје.

-Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димески, веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот, спротивно на стандардите и скандалозно, половина го однесе во Куманово.
Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат олимпијадата, Град Скопје беше целосно исклучен, дури не доби ниту покана за отворањето. За Европската младинска олимпијада, откако не посрамија на меѓународна сцена, сега сакаат Град Скопје да им е виновен за нивната неспособност. Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се, порачаа од Град Скопје.
Министерот за спорт се оградува од одговорност, ние само помагаме – не сме организатори